Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

More

    Левица – Битола положи цвеќе во чест на свеченото откривање на спомен – биста на првоборецот Ѓорѓи Наумов.

    По повод на поканата од страна на Општинскиот одбор на Сојуз на борци – Битола, локалниот огранок на Левица – Битола положи цвеќе во чест на свеченото откривање на спомен – биста на првоборецот Ѓорѓи Наумов.

    На денешен ден, 21 јуни 1942 година во Скопје од бугарските фашистички окупатори е осуден на смрт и обесен Ѓорѓи Василев НАУМОВ. Тој бил истакнат припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија. Роден бил во Битола на 18 јануари 1916 г. Потекнувал од земјоделско семејство од селото Битуша, Леринско, Егејски дел на Македонија, кое по Првата балканска војна се доселило во Битола. Бил брат на народниот херој Стеван Наумов-Стив. Работел како шофер и бил вклучен во разни активности на работничкото движење во Битола од пред Втората светска војна. Од 1941 година станал член на Комунистичката партија на Југославија.

    ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО БИТОЛА
    21 јли, 2021

    Најнови објави