Левица – Карпош: Општина Карпош троши пари за ажурирање на загадувачи додека не презема ништо против нив

карпош реак

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Стефан Богоев застапувајќи ја Општина Карпош на 5 јули потпишал договор за ажурирање на катастарот на загадувачи на територија на Општина Карпош. Договорот за јавната набавка на услуги е склучен со ЕкоМозаик ДООЕЛ Скопје додека пак вредноста на истиот изнесува 300.000 денари.
Договорот за ваква услуга додека истовремено Општината преку своите служби не презема со години ништо конкретно за намалување на загадувањето и санкционирање на загадувачите на територијата на општината, е повеќе од расипничко и неодговорно трошење општински пари. Ова особено се однесува на последните 2-3 години кога делови од Општина Карпош се најзагадените на дневно ниво на територијата на Град Скопје.
Токму трошењето на пари за услуги од кои немаат корист жителите стана најголема карактеристика на владеењето на СДСМ со Општина Карпош. Минатата година, 47,2% од вкупната вредност на јавните набавки се однесувале на услуги.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ