Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

More

    Членови на Левица – Прилеп со полагање на свежо цвеќе на Мечкин Камен

    „Една, две, пет пушки пукнуваат и ја раскинуваат покривката на ноќта. Камбаните почнуваат да бијат!“ – вака е означен почетокот на Илинденското востание. По ослободувањето на Крушево, 3 август 1903, била воспоставена востаничка власт под претседателство на Никола Карев.

    Но ете, сега сето ова некој намерно сака да го скрие, да се заборави. Сакаат на секој начин да не обезличат. Затоа ние се собравме овде, на овој голем ден, да кажеме гласно дека македонската револуционерна борба се’ уште живее и ќе живее! Левица силно стои на страната на сите кои овој ден го чуствуваат како свој празник и во иднина ќе се залага за чесно и достоинствено прославување. Ова свежо цвеќе го положуваме во името на сите Македонци низ целиот свет во знак на сеќавање на сите Илинденци што се бореа за Македонија! Вечна им слава на хероите!

    ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ПРИЛЕП
    02 август, 2021

    Најнови објави