Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Претставници на Левица – Куманово, положија свеќе пред меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце

Во Декларацијата на АСНОМ меѓу единаесетте члена се гарантира:
• правото на еднаквост и рамноправност на граѓаните пред законите;
• обезбедувањето на сите права на слободен национален живот на националните малцинства;

• правото на слобода во вероисповедта и во совеста;
• правото на сигурност на имотот, правото на сопственост и на приватна иницијатива во стопанскиот живот;
• правото на слобода на говорот, на печатот, на собирањето, на договорањето и на слободата при здружувањето;
• општо, еднакво и непосредно избирачко право со тајно гласање за сите граѓани што се постари од 18 години.

АСНОМ Е ТЕМЕЛОТ НА НАРОДНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА! Нашите предци се залагаа и бореа за остварување на основната цел од историјата на еден народ – сопствена држава, а наша должност е да продолжиме со борбата!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО КУМАНОВО
02 август, 2021

Најнови објави