Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

More

    Богоев и СДСМ предизборно ја полнат општинската администрација

    Старите навики на СДСМ и натаму продолжуваат. Во пресрет на локалните избори со потпис на Стефан Богоев се преполнува општинската администрација. Иако годината не е се’ уште завршена, планираните средства за привремени вработувања во општинската администрација се надминати за нешто повеќе од 10 милиони денари. Така од планираните 28.800.000 денари реализирани се 39.252.210 денари.

    Планираните финансиски средства се надминати и кај привремените вработувања за програмата за јавна чистота. Од планираните 33.600.000 денари реализирани се 43.667.536 денари. Дури и за основни плати кај Градоначалникот се надминати финансиските средства и тоа за близу 33%, од 712.000 на 946.430 денари.

    Со овие предизборни вработувања Стефан Богоев и СДСМ се обидуваат да направат предизборен поткуп со кој сигурно нема да го затскријат катастрофалното владеење на Општината, која ќе остане запаметена како трета најзадолжена општина во Република Македонија.

    ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО КАРПОШ
    05 август, 2021

    Најнови објави