Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

More

    Општина Богданци оставена на милост и немилост од пожарни катастрофи – директен виновник е сегашниот градоначалник Шапов

    Со одлука на Совет, за време на сегашниот градоначалник Шапов, како Претседател на Совет на Општина Богдаци во претходниот мандат во договор со ДПМНЕ,
    се укинати финансиските средства за финансирање на Доброволното друштво на пожарникари Богданци.

    Старите противпожарни возила се оставени на буниште, а друштвото завршува со прекин на дејноста и многу контроверзии и криминали за кои зборуваат граѓани кои биле вклучени во истото.

    Во тековната година, Општина Богданци само во буџетот од 2021 година, има предвидено 760.000 денари за противпожарни услуги.

    Ќе бараме отчет и за претходните години како се трошеа парите од оваа ставка при влезот во општинскиот совет. Вистината ќе излезе на виделина !

    Наместо напредок, модернизација и борба за противпожарна единица на територија на Богданци , го згаснаа и ентузијазмот на искрените пожарникари кои беа вклучени во Доброволното друштво.

    Еден меѓу првите предлози на Левица – Богданци при влез во општинското собрание ќе биде заживување на друштвото со крајна цел, формирање на подрачна единица во Богданци.

    За квалитетот на животнат средина и заштита на природните ресурси – НЕМА КОМПРОМИС !

    ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО БОГДАНЦИ
    05 август, 2021

    Најнови објави