Во време на пандемија министерството на Шахпаска крати помош за нега на деца

Левица Кичево

Негрижата и игорантниот однос кон најранливите категории го обележа целиот мандат на социјалдемократската власт, а тоа особено дојде до израз за време на пандемиската криза. До нас пристигна информација од жители на Кичево, кои претходно редовно го добивале својот посебен додаток за нега на дете, за наеднаш оваа година истиот да биде прекинат.

Како што наведе нашиот извор, поради ковид-кризата не можеле да извршат контроли на Болницата за белодробни заболувања во Скопје, поради што биле приморани потребните контроли да ги вршат кај локален педијатар. И покрај поднесената документација, ЈЗО Медицицински центар од Охрид (стручен орган за оцена на специфичните потреби на деца со пречки во психичкиот развој) го одбиле барањето за право на посебен додаток. Вакви спорни одлуки добиле повеќе жители од Кичево, кои претходно го остварувале ова право.

Во услови кога власта троши пола милион евра за рамковни прослави, милионски суми за лизинг на службени возила и секојдневно се луксузира вр грбот на граѓаните – ваквото кратење на симболична помош за најмаргинализираните категории е невидено насилие и изживување врз народот.

Министерката Шахпаска, која очигледно никогаш не ја почувствувала суровата реалност на социјалната беда во Македонија, претставува типичен социјалдемократски претставник кој постојано манипулира со макотрпната судбина на сиромашните, загрозените и незаштитените.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО КИЧЕВО

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ