Сегрегацијата на невакцинираните граѓани против Ковид-19 е нечовечна и противуставна

covid-1

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

СООПШТЕНИЕ ДО МЕДИУМИ

Како политичка партија која сериозно го сфаќа прашањето на јавното здравство, сметаме дека е исклучително важно состојбата со пандемијата да биде внимателно третирана и нејзиното управување да биде пред сè хумано!

Земајќи ги предвид сите фактори на влијание, Левица – чиј пратеници во Собранието на Република Македонија избраа да се вакцинираат – смета дека вакцинирањето против Ковид-19 мора да остане и да биде на доброволна основа и дека нема никакво рационално оправдување за најавените рестриктивни владини мерки насочени кон невакцинираните граѓани.

Дополнително, сметаме дека најавите за рестриктивни мерки кон невакцинираните се длабоко дискриминаторски во својата основа и истите, како одраз на неолибералниот корпоративизам, се противуставни! Овој наш став, кој е во согласност со Резолуцијата 2361 (2021) на Парламентарното собрание на Советот на Европа, го темелиме на повеќе стручни и издржани, правни и медицински аргументи:

  1. Немање доверба во институтциите од страна на граѓаните, кои се најмалку виновни за срушениот здравствен систем. Во држава во која со децении владее целосна корупција, партиска неказнивост и тотална негрижа за потребите на народот, функционерите немаат никаков кредибилитет и не смеат да си дозволат посегање по репресивни мерки врз населението!
  2. Во тек на целокупното управување со пандемијата, министерот за здравство и Комисијата за заразни болести направија бројни суштински грешки, кои придонесоа за прекумерна и најголема смртност кај нашите сограѓани! Министерот, наместо да се заканува со препишани несоодветни мерки од земји со 60-80 милионско население, требаше досега да си даде неотповиклива оставка и на негово место да дојде кредибилна личност која ќе знае како да се носи со функцијата и со ситуацијата.
  3. Јавноста нема доволно транспарентни информации за јасна слика на состојбата! Информациите кои Министерството за здравство ги пласира преку медиумите се оскудни, манипулативни и несоодветни за креирање јасна претстава од стана на стручната и пошироката јавност за реалната состојба на терен. Напорот во менаџирањето на пандемијата, првенствено, треба да биде водење грижа за неоптеретување на здравствениот систем и соодветна можност за лекување на хоспитализираните пациенти, а не создавање впечаток дека ние ќе успееме, преку присилна вакцинација, никој да не се зарази!? Второто е невозможно и не треба да биде предмет на јавните политики, затоа што ризикуваме трошење ресурси и време за нереални цели, за сметка на занемарување на други клучни проблеми во здравството.
  4. Инсистирање на вакцинирање на граѓани кои го прележале коронавирусот и имаат стекнат имунитет е нехумано! Експерти од фелата јавно изјавуваат дека ова е непотребно и непознато како пракса, а од друга страна, Министерството останува глуво на ваквите компаративни информации и не ги прилагодува правилата кон реалната состојба. Кај нас, недостига реална бројка на луѓе кои го прележале вирусот! Официјално, тоа се околу 150.000, но проценките велат дека таа бројка е околу четири пати поголема, што би значело дека околу 600.000 гараѓани имаат стекнат имунитет и е голема веројатноста дека немаат потреба од вакцината, како дополнителна медицинска интервенција. Наместо заплашување на овие луѓе со рестрикции, Министерството треба да организира масовен скрининг на населението, а не да „планира“ и да троши народни пари – напамет.
  5. Вкупната стапка на имунизирани останува непозната! Во голем дел од развиените земји, реално, се очекува дека дел од процентот на имунизирани ќе биде преку вакцинирање, но исто така и преку прележување на вирусот. Дали Министерството ја знае вкупната стапка на имунизирани кај нас, земајќи ги предвид сите начини на стекнување природен имунитет?! Веројатноста таа да е поголема од прикажаната е многу голема. Потребни се одговори, наместо заплашувања!
  6. Најавите за воведување таргетирани рестрикции само за невакцинираните, во услови кога информациите покажуваат дека и вакцинираните можат да се заразат/заболат и да го шират вирусот, едноставно се нефункционални и директно дискриминаторски! Која е логиката на забрана за движење на невакцинирани граѓани со цел да не бидат потенцијални ширачи на вирусот, а од друга страна, вакцинираните, кои докажано можат да го шират вирусот, да можат слободно да се движат насекаде?! Во ваков случај, вакцинираните може да станат и поголема опасност од невакцинираните и сметајќи дека се заштитени, да се заразат себеси и другите околу нив, лажно верувајќи, поради дадените привилегии за слободно движење, дека вакцината целосно ги штити нив и луѓето од нивната околина.
  7. Превземање на одговорноста за нуспојавите од страна на властите и лобирање за укинување на патентите! Неопходно е, во услови на светска пандемија, Владата да покаже високо ниво на одговорност и во случај на несакан ефект од вакцините по зравјето на луѓето, да ја преземе одговорноста и брзо да реагира со обесштетување. Целосно ставање на ризикот на страна на граѓаните е неоговорно и погрешно! Исто така, премолчувањето за неотстранување на патентите и огромните заработки на фармацевтските компании, кои вакцините ги произведоа со помош на државни финансии, е ужасна и општествено неодговорна политика во ваков тежок период.

Министерот Филипче досега требаше многупати да си поднесе оставка, а не да најавува репресија врз граѓаните и нови кршења на Уставот! Кога веќе нема образ за да си оди од функцијата, тогаш заедно со Комисијата е должен да изнајде мерки кои ќе бидат фер, хумани и во рамките на Уставот и законите.

Бараме од Владата на РМ итно да ја повлече оваа своја контроверзна одлука, а истовремено апелираме до граѓаните да бидат свесни и да внимаваат на своето здравје, затоа што системот е срушен и не може да им пружи најдобра услуга. Заедно и солидарно, нема да дозволиме оваа корумпирана врхушка да го отвори прозорецот на тиранијата!

Президиум на Левица
8.08.2021

 

 

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ