Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

More

    (Видео) Сите деца имаат право на достоинствен живот

    Коалицијата „Менуваме“, одржа мирен протест под мотото „Имам право на достоинствен живот“, движејќи се во правец од Владата до Собранието на Република Македонија.

    Нивните барања се реални и се потпираат на основните човекови права, а Македонија иако ја има ратификувано Конвенцијата за правата на лицата со попреченост на ООН, институциите системски потфрлаат да ги вклучат овие лица во општествените процеси, при што ги оставаат да живеат на маргините.

    Внимателно ги ислушавме нивните барања и потреби, а Ребека Јанковска-Ристески којашто е и самата родител на дете со попреченост, имаше емотивна порака пред Собранието, до сите кои вистински можат да помогнат:

    „Оваа борба мора да ја продолжиме, затоа што едноставно мора да живееме, затоа што мора да се избориме за нашите основни права! Да излеземе од дома, да излезат лицата со попреченост од дома, да излезат нивните родители од дома, да имаме поддршка за тоа, сервиси, асистенти, а ние родителите и лицата со попреченост да бидеме вклучени во донесувањето на сите закони кои нас нѐ засегаат, а не да бидат носени само на хартија и ништо од тоа не се практикува.

    Инклузија имаме во училиштата на хартија, но родителите тука знаат во пракса каква е таа инклузија и на што личи – тоа не е инклузија „Оди си дома порано земи си го детето“! Тоа не е инклузија!“

    Бараме санкции за оние кои не ги почитуваат овие закони, бараме центри каде децата ќе бидат згрижени, бараме возила за лицата со попреченост. На ниво на Град Скопје, милионски град, од вкупно четири возила, само две се исправни, па кого попрво да пренесуваат?!

    Бараме сите општини да направат регистар, мора да имаме бројка, колку сме ние, колку лица и деца со попреченост, за да се најде решение за секое дете, сите сме во исти кош!“

    Левица дава целосна поддршка на овие лица и сите нивни барањаСЕ се веќе вклучени во нашите програми, а дополнително ќе остваруваме редовни средби со нив и со родителите на децата, за да можеме постојано да бидеме во тек со случувата и секојдневните проблеми со кои тие се соочуваат.


     

    ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ТРУДОВ СЕКТОР
    10 август, 2021

    Најнови објави