Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

More

    Калта во која газат жителите на населбата „Звегорска Река” е најголем доказ за неспособноста на локалната власт во Делчево

    Калта во која газат жителите на населбата „Звегорска Река” е најголем доказ за неспособноста на локалната власт во Делчево

    Владејачката СДСМ во Делчево најверојатно повторно ќе мора да ги дава истите лажни ветувања пред граѓаните земајќи во предвид дека претходните 4 години не им беа доволни да ги исполнат.

    Како што самите си признаа во својата претходна изборна програма, а со намера да се претстават поинаку од претходната власт, со години наназад проблемите се наталожуваат поради индиферентниот однос на властите кон негово решавање. Главната причина е неусогласеноста на ДУП-овите и нивно преклопување. 20 години не им беа доволни на двете партии во чии раце беше решавањето на овој проблем, па сега лицемерно бараат уште една шанса од жителите на оваа населба.

    Пред 4 години одлучно изјавија дека веднаш по отпочнувањето на мандатот ќе пристапат кон етапно решавање на проблемот, а денес својата неспособност ја оправдуваат со неспособноста на нивните претходници.

    Граѓаните на оваа населба заслужуваат подобра инфраструктура, искрена загриженост и пристап кон решавање на нивниот проблем, а не само празни зборови и лажни ветувања пред секои избори, кои се бришат како креда после дожд откако ќе се пополнат фотељите во администрацијата.

    ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ДЕЛЧЕВО
    11 август, 2021

    Најнови објави