Многу сценарија, малку оперативни решенија за отпочнување на новата учебна година

мила царовска

На само десетина дена пред почетокот на учебната година МОН тврди дека има три сценарија за отпочнување со настава во учебната 2021/22 година. Според нивните изјави, учебната година ќе започне во септември со физичко присуство во основните и средните училишта, а во оптек се и можноста за онлајн настава која, според МОН, се покажала доста ефикасна, како и комбинирана настава- учениците една седмица да доаѓаат во училиште, а една да следат настава од далечина.

Меѓутоа, за успешна реализација на наставата според било кое од овие сценарија, потребни се соодветни услови какви што повеќето училишта немаат обезбедено, настрана од изјавите кои ги дава МОН. Тие и наставата од далечина ја прогласија за ефикасна, иако неколку илјади деца воопшто немаа услови да ја следат.

Година и пол учениците не се во училишните клупи! И во текот на таа година и пол, голем дел од материјалните трошоци за изведување на каква-таква, но далеку од ефикасна настава, паднаа врз грбот на родителите и наставниците во форма на двојно зголемени трошоци за греење, обезбедување поквалитетен пристап до интернет и набавка на компјутери. Меѓутоа, ни вака изнудената материјална поддршка не му помогна на МОН да создаде соодветни услови во сите училишта и за сите ученици.

Недостасува уште и децата да станат жртви на сегрегацијата што ја спроведува власта со новите наводно антиковид мерки кои ги донесе откако со месеци во државава влегуваше кој како стигне, без никаква контрола, се правеа свадби, забави и други масовни собирања на затворено.

Место препораки за носење маски за време на час како единствена опиплива мерка, власта мора да овозможи рапид тестови за училиштата, соодветен степен на одржување хигиена, подолги паузи меѓу часовите, задржување на еден клас во една училница место ротирање на класовите од еден во друг кабинет, забрана за продажба на храна и пијалоци во и околу училиштата и други мерки кои се соодветни на ритамот на живеење во училиште. Сепак, изгледа дека е премногу тоа да се очекува од ресорна министерка која раководи со област во која нема ни ден стаж, па голема е веројатноста единствено тендерите да останат на соодветна височина.

 

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
19 август, 2019

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ