Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

More

    Гасификација во Бутел – едно од низата неисполнети ветувања на СДСМ

    Како и на целата територија на Република Македонија така и во рамките на општина Бутел, гасификацијата беше едно од клучните ветувања на СДСМ во кампањата за локалните избори 2017 година.

    Во својата кампања како предизборно ветување на актуелниот градоначалник на општина Бутел беше гасификацијата. Четири години подоцна граѓаните на општина Бутел се сведоци дека не е мрднато ни најмала педа во исполнување на таканаречениот клучен проект гасификација на општина Бутел.

    Беше ветено дека во првата фаза приоритет ќе имаат стопанските субјекти , градинките и училиштата. Во втората фаза гасификационата мрежа ќе ги зафати и домаќинствата во општина Бутел со што би се решил проблемот со затоплувањето на домовите, би се подобрила чистотата на воздухот во зимските месеци, а и би се намалило и оптоварувањето на електричната мрежа што претставува еден од најголемите проблеми на општината.

    Сега пред завршетокот на мандатот на Велимир Смилевски како градоначалник на општина Бутел, можеме само да му кажеме дека ги излажа граѓаните на општина Бутел. Лагата кај бутелчани не проаѓа не санкционирано и затоа на претстојните избори нема да дозволат повторно да бидат излажани.

    ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО БУТЕЛ
    23 август, 2021

    Најнови објави