Предизборни привремени вработувања во Општина Делчево – наместо лиценца и стручност, емпатија е основен услов

Левица Делчево

Општина Делчево упатува Јавен повик до сите невработени лица да се вклучат во Програмата за Општинско – корисна работа за проектите „Грижа за стари лица и лица со попреченост” и „Социјална грижа за сите”, а се’ што ќе биде потребно е лицата да поседуваат емпатија!

Иако, според Програмата за социјална заштита за 2021 година, се предвидени кадри како: социјални работници, физиотерапевти, лиценцирани даватели на услуги, работни терапевти и специјални едукатори, Општина Делчево драстично ги намали критериумите за предизборни вработувања и ги сведе потребните квалификации на ниво под минимумот.

Имено, се’ што треба да поседуваат негователите во Дневен центар за лица со посебни потреби и негователите на деца во детската градинка “Весели цветови” е емпатија и комуникативност! Не се потребни ниту лиценца , ниту стручност или искуство.

Оттука, неминовно се поставува прашањето: Кој и како ќе ја “мери” емпатијата на кандидатите за вработување?
Дали тоа ќе биде: градоначалникот, директорите на овие институции, професор по етика, психолог итн.?
Кој е доволно компетентен да оценува нечија емпатија и кој ќе преземе одговорност за евентуални штетни последици од нестручното работење со овие особено ранливи групи на граѓани?

Останува внимателно да испратиме и воедно апелираме на сериозност во пристапот на општината кон овие особено сензитивни прашања.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ДЕЛЧЕВО
23 август, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ