Центар нема потреба да се шири кон Водно, само треба да се ослободи од канџите на урбаната мафија

Левица Центар

Еден пороен дожд, и обрушување на земјиште кое лесно можеше да биде фатално по некој до работниците, некое семејство да изгуби сопруг, татко или брат.
И повторно, ќе се покажува со прст секаде, ќе биде крив проектантот, зошто проектирал објект на таков терен, изведувачот затоа што не презел доволно мерки да го обезбеди градилиштето, или пак едноставно криво ќе биде времето, затоа што „таков дожд има еднаш во 5, 10 или 100 години“.

Единствено, никој нема да каже дека таму објект предвидел урбанистот-планер, кој фигурира со има и презиме, и дека тој урбанистички план го гласале луѓе со име и презиме на седница на Совет на општина. Никој нема да каже дека не е ниту хумано, ниту нормало, напротив, против цел разум и логика е веќе борбата да се освои дури и врвот на Водно со градби.

Затоа ние сме тука да кажеме, а кога ќе влеземе во Совет и ќе имаме наши градоначалници и да покажеме како треба. Да ги откриеме сите валкани задкулисни игри и спреги на урбанистичката мафија, тајните спреги на инвеститорите со планерите и дехуманизацијата на просторот во нашата општина во име на профитот и некој м2 повеќе.

Центар е веќе конечна и оформена општина, нема никаква потреба да се шири кон Водно, на сметка на природата, само за да се задоволат апетитите на безидејната и гладна административна машинерија, дури и по цена на безбедноста на граѓаните.
Придружете ни се и вие во борбата за похуман Центар!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ЦЕНТАР
25 август, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ