(Видео) Левица – Велес: Две години од катастрофалниот пожар кај езерото Младост

Левица Велес езеро Младост

На 26-ти август 2019 година се случи еколошка катастрофа за велешани. Голем пожар уништи 200 хектари квалитетна борова шума во близина на езерото „Младост“.

Градоначалникот на општина Велес, Аце Коцевски, заедно со Претседателот на Владата Зоран Заев, ветија брз координиран план за масовно пошумување, за жал 2 години подоцна пошумени се само 20 хектари од уништената површина, не се отстранети изгорените дрва и земјата не е подготвена за пошумување.

Покрај „големата загриженост“ на властите која ја искажуваа во 2019 година околината на езерото останува во пустош.

Дали позади неостварениот план за пошумување стојат нечии бизнис интереси?

Не смееме да дозволиме да се злоупотреби пожарот за партиски бизнис интереси и оваа уништена површина да премине во приватна сопсвеност.


 

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ВЕЛЕС
26 август, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ