Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

More

    Весна Кираџиева – кандидат за градоначалник на Општина Аеродром

    Политичката партија Левица го обзнани својот кандидат за градоначалник на Општина Аеродром – Весна Кираџиева.
    Кираџиева е атлетска репрезентативка на Македонија повеќе од 20 години, поранешна рекордерка и шесткратна шампионка на Македонија во маратон. Дипломиран криминалист на Факултетот за безбедност. Претседателка и тренерка на АК „Индјуренс“. Менаџер на социјални мрежи (Social media manager), дел од организациониот тим на „Виз Ер Скопски Маратон“, „Авицена Женска трка“, „Халк Еко Скопје Трча“. Поранешен волонтер во Центар за оспособување на деца со посебни потреби „Јанез Левец“ во Љубљана (Словенија).
    Нејзината борба е насочена кон: чесна и некорумпирана работа; градење на мерит систем на база на квалитет и стручност, а против окупирање на институциите по основ на партиска, политичка, расна, национална или било каква друга определба; разумен урбанизам и стопирање на узурпирањето на просторот од урбаната мафија; афирмација на руралниот дел/населби во општината; еднакви можности за жените како дел од популацијата и унапредување на условите за живот на лицата (и децата) со посебни потреби.
    Повеќе за Весна можете да прочитате тука.
    ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
    1 септември, 2021

    Најнови објави