Османи преку ветинг го релативизира дипломатскиот скандал

Османи

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Веќе подолго време меѓународен скандал ја тресе македонската дипломатија, но, за ова, од МНР немаат конкретни одговори, решение ниту пак одговорност или оставки. Единствено е јасно дека Министерот Османи преку ветинг ќе се обиде целиот случај да го релативизира, веројатно до негово целосно заборавање.

Македонскиот дипломат Миле Миленковски, кој е заменик-шеф на македонската мисија во седиштето на ОБСЕ, учествувал во операција за спасување и извлекување на контроверзен ерменски бизнисмен, кој бил обвинет за злоупотреба на огромни финансиски средства, злоупотреба на државни фондови и за перење пари.

Советот на амбасадори изрази разочараност во врска со информацијата за меѓународната истрага врз дипломат од МНР и други лица кои во моментов не се во активна дипломатска служба!

Од одговорност засега се огради целата политичка елитата, која со години наназат управува со дипломатијата: актуелниот Mинистер за Надворешни Работи, Бујар Османи (ДУИ), неговиот претходник Никола Димитров (СДСМ) и неговиот претходник Антонијо Милошоски (ВМРО-ДПМНЕ).

Она што оваа ситуација ја прави уште поинтересна е фактот дека, издавањето дипломатски пасоши и спроведувањето на меѓународни потерници МНР го спроведува преку меѓуинституционална соработка со МВР. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, идентично како колегите од МНР, се огради од одговорност обвинувајќи го за пропуст колегата од ВМРО-ДПМНЕ Наќе Чулев.

Тоа што оваа ситуација останува не разрешена е само еден од проблемите. Прашањата:
– Дали постојат други слични случувања за кои јавноста не знае? – Дали Министрите знаеле за сето ова?
– Кој и зошто дозволил вакви пропусти?
– Дали државата наместо да спречува, продуцира криминал? и,
– Дали во иднина ќе ни се случуваат вакви работи? – и уште многу други, стануваат неодговорени.

Ова е уште еден доказ дека членството во НАТО воопшто не влијае врз квалитетот во безбедносните и дипломатски служби. Јасно е дека трите владејачки партии СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, одлично соработуваат зад затворени врати, нарушувајки го угледот на државата и македонската дипломатија. И, најстрашно од се, ОДГОВОРНОСТ за овој скандал НЕМА!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – СЕКТОР НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА И БЕЗБЕДНОСТ
06 септември 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ