Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

More

    (Видео) Апасиев: Оставката во правото е неотповиклива волја, а не чин на оценување

    Процедурално обраќање на пратеникот Димитар Апасиев во врска со „оставката“ на министерот за здравство Венко Филипче, која премиерот Заев си ја чува во фиока, за да си го работи својот пи-ар маркетиншки трик.

    Имено, „оставка“ и „разрешување“ не се исти институти! Во случајов со Филипче, тој е подносител на оставката и таа е неотповиклива. Според Деловникот, примач на оставката е спикерот на Собранието на Република Македонија, а премиерот е само гласник, или курир, кој пренесува дека член на Влада дава оставка. Во случајов кога премиерот не ја доставил до спикерот, Џафери е должен тоа да го праша – каде е оставката на Филипче, која Заев си ја чува во фиока, за да си го работи својот пи-ар.

    Спикерот, исто така е должен веднаш да ја достави оставката на член на Влада до пратениците – што во случајов не е направено. Истата таа оставка се констатира од страна на пратениците без расправа, бидејќи тоа е морален чин – еднострана изјава на волја, која е неотповиклива.

     

    Најнови објави