(Видео) „Баргала“ работниците ги остави на улица, а го спонзорира „Макфест“

Баргала Штип

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Макфест 2021 – оваа година го слави својот 36-ти роденден. Многу еуфорија, млади луѓе, искусни пејачи и скромни дебитанти… Победникот – Штипјанец!

И целата слика околу Макфест, ќе изгледаше пристојно, доколку при најавата водителите не го спомнеа името на „најголемиот извознички македонски бренд“, фабриката за чевли „Баргала“ – во сопственост на дедото на градоначалникот и актуелен кандидат за градоначалник – Сашко Николов.

Во време кога многу жители на Штип, директно или индиректно се соочиле со последиците на пропаѓањето на „Баргала“ (отпуштање од работа, неисплатени плати, или плата од 600 денари), тие се дрзнуваат да излезат како спонзори, помагатели, поддржувачи на овој настан и тоа на директен пренос на Националната телевизија.

Очигледно дека на овие газди и роднини на власт не им е срам да се поигруваат со чесните и вредни работници, кои впрочем низ годините им го обезбедиле тој имот.
Но, тие освен што немаат срам, не се ни свесни дека секој втор жител во Штип, деновиве зборува со презир за овој неморален чин.

Не се ни свесни дека со ваквите гестови уште повеќе ги убедуваат жителите на Штип, да ги казнат толку силно, што никогаш повеќе нема да може да се вратат на таа досегашна позиција, од кадешто ги водат штипјани во бездна!

На работниот народ во Штип – град на текстилната индустрија, му е преку глава од „газдите“, тие се свесни за својот неисплатен и невреднуван труд! Затоа на овие избори ќе излезат масовно и ќе ги казнат сите што 30 години си поигруваат со нивното достоинство!

 

 

 

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ШТИП
19 септември, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ