Владата на СДСМ и ДУИ подготвува ценовен шок после локалните избори

левица сдсм дуи

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Владејачката коалиција предизборно, како и секоја претходна влада веќе 30 години со цел придобивање, односно задржување на своите гласачи, манипулира постојано.
Најавеното поскапување на основните прехрамбени намирници после локалните избори ќе претставува дополнително отежнување на семејниот буџет, како и зголемување на сиромаштијата, која од ден во ден се повеќе расте и загрижува.
Цената на пченицата, која ќе влијае на крајната цена на брашното и лебот, порасна за 20%. Кај суровината за маслото, сончогледот, зголемувањето е уште поголемо. Цените на транспортот заради пандемијата растат уште повеќе.

Поскапувањето зема се поголем замав, а тоа најмногу ќе биде на товар на обичните граѓани, кои и сега едвај преживуваат.

Лицемерието и ароганцијата во изјавите на владините претставници на оваа Влада е постојано присутна, па така и вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, изјави дека животниот стандард во изминатите неколку години е двојно подобрен и дека зголемувањето на цените на основните прехрамбени производи нема да биде терет за граѓаните.

Од друга страна, анализите на ССМ покажуваат дека трошоците за живот континуирано се зголемуваат, а платите стагнираат.

Наместо по примерот на другите влади во време на пандемија да се преземаат економски мерки, со цел заштита на националната економија и справување со невработеноста и сиромаштијата, Владата на СДСМ и ДУИ продолжува со популистички изјави кои имаат за цел да си ги задржат фотелјите на подолг рок.

Иако постојано сме сведоци на нови задолжувања и кредити, додека јавниот долг се приближува до критичната граница од 70% од БДП, реалниот импакт од овие задолжувања врз подобрувањето на животниот стандард е речиси минорен. Од тука, јавно прашуваме во чии приватни џебови завршија овие пари и кој се збогати за време на здравствена и економска криза, наместо истите да бидат насочени кон амортизирање на последиците од пандемијата.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
21 септември, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ