Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

More

    Левица – Струга: Базенот кој требаше да е готов до крајот на минатата година уште едно нереализирано ветување на власта

    Деновиве, владата на СДСМ информира дека реконструкцијата на запуштениот базен во Струга повторно ќе се пролонгира, поради раскинување на договорот со фирмата. Горчливата точка на Стружани, уништениот базен, беше едно од главните ветувања во програмата на СДСМ. Во 2019 година, тогашниот директор на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, изјави дека базенот ќе биде ставен во функција на почеток на 2021-ва година.

    За реконструкцијата на овој базен, Владата предвидуваше 30 милиони денари. Недозволиво е град на две води, со целокупниот туристички потенцијал, да нема базен каде ќе се промовира спортскиот дух на градот кој изнедрил бројни успешни спортисти.

    Реконструкцијата на руинираниот базен е актуелна тема пред секои избори, додека ниту една локална власт цели 18 години не покажа волја Струга конечно да добие еден реализиран капитален проект. Заборавена од централната власт, Струга единствено служи само за подмирување на коалиционите апетити со партиите од албанскиот политички блок, додека Стружани постојано се сведоци како градот се претвора во депонија на дивоградби и руини на се што се градело заеднички во претходниот систем.

    Без никаква визија, идеја и програма, политичките елити се натреваруваат како да акумулираат што повеќе богатство во еден мандат, додека сиот потенцијал, автентичност и убавина на градот Струга се уништува неповратно. Руинираниот и нефункционален базен, кој некогаш бил вистинска атракција, веќе се претвори во симбол на 30-годишното владеење на криминални политичари, кои единствено позади себе оставија пустош, распаднати објекти и уништена иднина без перспектива за луѓето од Струга.

    ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО СТРУГА
    22 септември, 2021

    Најнови објави