Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

More

    Левица – Кисела Вода: Советниците на СДСМ демонстративно ја напуштија седницата поради свечената заклетва, при која се потпишуваа изјавите под име Република Македонија

    На денешната конститутивна седница на Советот на Општина Кисела Вода, советниците од СДСМ демонстративно ја напуштија седницата во знак на протест на свечената заклетва, при која се потпишуваа изјавите под име Република Македонија.

    Левица, како партија која е формирана врз идеалите на АСНОМ и која од самиот почеток, принципелно е против Преспанскиот договор, единственото државно име кое го признава е според народната волја изразена на референдумот во 1991 година. Дополнително, СДСМ не може да избрише од колективната меморија дека со кршење на Уставот, уценување пратеници и потпишување договор без потпис од претседател – беше извршена насилна промена на уставното име!

    Од тука, советниците на Левица, почитувајќи ја волјата на народот изразена на референдумот на 30 октомври, ги потсетуваат советниците на СДСМ дека највисок суверен е народната волја. Нашите советници и така ќе се однесуваат во Советот – од народот и за народот.

    Дополнително, потенцираме дека Законот за локална самоуправа донесен во 2002 година, до денес не претрпел измена во член 38 кој се однесува на содржината на свечената заклетва (изјава) каде се’ уште стои името Република Македонија!

    ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО КИСЕЛА ВОДА
    03 ноември, 2021

    Најнови објави