Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

More

    Советот од Левица во Општина Кавадарци потпиша изјава дека ќе го штити Уставниот поредок на Република Македонија

    На конститутивната седница на Советот на Општина Кавадарци, при давањето на свечената изјава, советникот Круме Богевски и поголем дел од советниците не ја прочитаа придавката „Северна“ при читање на свечената изјава. Eдинствено советничката група на СДС реагираше на оваа постапка која е во согласност со Член 38 од Законот за Локална самоуправа:

    „Заклетва
    Новоизбраните членови на конститутивната седница на советот даваат и потпишуваат свечена изјава, која гласи:
    “Јас (име и презиме) свечено изјавувам дека правата и должностите на член во советот ќе ги вршам совесно и дека при нивното вршење ќе ги почитувам Уставот, законот, прописите на советот и дека ќе го штитам уставниот поредок на Република Македонија”.

    Имено, Законот за Локална самоуправа не е сменет бидејќи Собранието нема обезбедено двотретинско мнозинство за да се изгласаат измените.

    Советникот Круме Богевски се повика и на Статутот на Општина Кавадарци и Деловникот за работа на Советот на Општина Кавадарци каде нема статутарна измена која се однесува на свечената изјава.

    Документите кои ги изработува општинската служба мора да се базираат на овој Закон – така што нема ништо спорно во тоа што Свечената изјава со правилното име – Република Македонија како што стои во самиот Закон.

    Читањето на свечената изјава два пати, еднаш од оние кои го почитуваат и еднаш од оние кои не го почитувааат Законот за Локална Самоуправа беше беспотребно!

    Освен во Општина Кавадарци, во изминатите денови свечени изјави дадоа и советниците во неколку други општини во Република Македонија, при што Советите на Општина Штип и Општина Аеродром го почитуваа Законот за Локална Самоуправа.

    ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО КАВАДАРЦИ
    03 ноември, 2021

    Најнови објави