(Видео) Левица – Делчево: Во Законот за локална самоуправа сеуште стои името Република Македонија

Левица Делчево
На денешната конститутивна седница на Совет на Општина Делчево, со свое излагање настапи и советничката од Левица, во кое стави акцент на одредбата од постоечкиот Закон за локална самоуправа која се однесува на свечената заклетва ,нејзината форма и правно дејство.
“Со материјалите за работа беше доставен и примерок од свечената заклетва, која според правната природа е изјава, на 1/3 од хартија А4 формат без место означено за потпис и за датум и време, што ја прави неполноважна! Таква “изјава” може да пополни било кој граѓанин на Општина Делчево.
Потенцираме дека Законот за локална самоуправа донесен во 2002 година, до денес не претрпел измена и во член 38 кој се однесува на содржината на свечената заклетва (изјава) сеуште стои името Република Македонија!
Ова не е ни кршење на Уставот бидејќи со ратификацијата на одредбите од Преспанскиот договор, се остава период , технички и политички, во кој законските одредби треба да се усогласат со Уставот и тоа би требало да започне со отпочнувањето на преговорите со ЕУ! Додека да се изврши усогласување, во сила се постоечките одредби на материјалното право и се’ што е во спротивност со нив е незаконски!”
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ДЕЛЧЕВО
03 ноември, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ