Честит 8-ми Ноември Штипјани!

левица штип

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Утрово членови на локалниот огранок на Левица во Штип, во чест на 8-ми Ноември – ден на ослободувањето на Штип, им оддадоа почит на паднатите борци, положувајќи цвеќе на Меморијалниот комплекс на паднатите борци во НОБ, на Исарот во Штип.

Во ослободувањето на Штип, во 1944 во отпорот против бугарскиот окупатор се вклучиле околу 2 000 борци. За време на окупацијата, 814 жители ги загубиле животите, од кои 88 во директна борба против окупаторите.

Денес преку предавничките политики на премиерот во заминување Зоран Заев, истатата таа Бугарија, пробувајќи политички да профитира преку таканаречен добрососедски договор за решавање на „едно прашање“, повторно ги отвора овие стари прашања.

Затоа сега повеќе од кога и да е, најважно е зачувувањето и чествувањето на споменот за загинатите борци, кои својот живот свесно го дадода за Република Македонија во борба против окупаторот.

Низ минатите 30 години, сите досегашни власти беа индиферентни кон континуираното сквернавење и уништувањето на овие спомен обележја ширум Републиката, додека Левица иако опозиција, во повеќе градови преземаше самоиницијатива на чистење на спомениците, како што тоа го направивме на 11 Октомври во Штип.

Оттука, упатуваме апел до новиот градоначалник Иван Јорданов (Иван Јорданов), наместо да ја продолжи традицијата на празно и лицемерно одбележување на овие важни денови, сериозно да преземе иницијатива на санирање на штетата на сите партизански споменици во градот, почнувајќи од Меморијалниот комплекс на Исарот – кадешто секоја година (и тоа пред камери) се положуваат цвеќиња на ужасно исквернавени споменици!

Честит 8-ми Ноември Штипјани!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ШТИП
8 ноември, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ