Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

More

    Левица – Прилеп: Поставување на итна точка на дневен ред и Јавна Расправа, сѐ со цел решавање на овој вештачки креиран проблем со булеварот

    Небезбедни улици безсообраќајна контрола.
    Тешка сообраќајна несреќа со тешки последици се случи рано утрово пред 04:00 часот на булевар Александар Македонски во близина на АМСМ. Повредени се членови на цело семејство, некои и потешко. Еден од нив е итно пренесен во Скопје. Како причина, дел од сведоците ја истакнаа огромната брзина на движење на возолото „Пасат” при што со силен удар го отфрлил другото возило со четири-членото семејство над 25 метри и завршило покрај патот.

    Овај булевар важи за еден од најмизерно конструираните, па речиси на ниво на цела Македонија. Се вози со голема брзина, контејнери за отпад се поставени на велосипедските патеки, автомобили на пешачките. Општ хаос во сообраќајот без иницијатива за уредување.

    Левица, според својата програма уште на следната седница на Совет ќе го предложи нивното решение со поставување на итна точка на дневен ред и ќе иницира Јавна Расправа, сѐ со цел решавање на овој вештачки креиран проблем.

    ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ПРИЛЕП
    08 ноември, 2021

    Најнови објави