Во време на енергетска криза СДСМ поставува некомпетентен кадар на РЕК – Битола

рек битола

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Поради внатрешните несогласувања во СДСМ – Битола за градоначалничкото место и поделените ставови од кои на една страна моментално разрешениот директор на “РЕК – Битола”, Златко Ќурчиевски, кој се појавува во изборниот циклус како голем поддржувач на бившата градоначалничка Наташа Петровска и другата страна на централниот одбор на СДСМ кој го наметнува Христо Кондовски за кандидат за градоначалник како близок човек на Зоран Заев, генералниот директор на “ЕЛЕМ” Васко Ковачевски се наоѓа во ситуација каде што е приморан да ја почитува одлуката на централниот одбор на СДСМ од Скопје, во спротивно го деградира општинското раководно тело кое е спротивно со мислењето на централната власт.

Поради овие несогласувања, Златко Ќурчиевски е сменет од директорската функција.

Како плод на оваа ситуација назначен за нов директор на “РЕК-Битола” е Пеце Матевски, близок човек на Васко Ковачевски. Пеце Матевски пред неколки месеци беше назначен за директор на Термоелектраната, во период каде што се случија повеќе незгоди.

Овој човек е најмалку адекватен и со минимално искуство кога е во прашање е енергетскиот сектор и одлуките кои треба да се решаваат за спас на “РЕК – Битола”.

Новоизбраниот “директор” е класичен пример за вршење непотизам, каде што буквално си го вработува цело негово семејство во образование и администрација.
Пеце Матевски е познат на јавноста како “Пеце свирачот”, кој исто така има музичка група каде што настапуваат по свадби, крштевки и домашни прослави.

Дали Пеце Матевски е фрлен во директорската фотелја за да ги преземе сите одговорности во врска со колапсот на “РЕК – Битола”, при тоа да одговара пред јавноста ?

Оваа ситуација е потсмев за Битола, за “РЕК”, за СДСМ.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО БИТОЛА
24 ноември, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ