Откупот на тутунот почна, а со него и проблемите на тутунарите

tutunari

Иако оваа година квалитетот и родот на тутунот е далеку подобар од лани, на самиот старт на откупот, тутунарите повторно се соочуваат со проблеми.

Од владата беа направени измени во класите, потоа се вршеа обуки за проценители, но тоа не придонесе да се правилно и правично вреднува трудот на производителите на жолтото злато.

За оваа состојба реагираат тутунарите од Валандовскиот регион, кои имаат проблеми со откупувачот Сокотаб, и планираат да не ги предаваат количините тутун сѐ додека не добијат реална процена на класите и цена на тутунот.

Знаејќи дека цената на цигарите со години во континуитет достигнува рекорди, а цената на тутунот се намалува, како и посеаните површини, неможеме а да не тврдиме дека ваквите неолиберални политики на владата постепено го згаснуваат домашното земјоделско производство, и ги штитат странските мултинационални корпорации.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЗЕМЈОДЕЛСКИ СЕКТОР
07 декември, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ