Општина Струга ќе потроши 187.000 денари за новогодишна забава на советниците

Левица лого Бело на црвена

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

На последната седница на Советот на општина Струга, во Предлог – Програма за пречек на новата 2022 година, предвидено е износ од 187.000 денари за новогодишна прослава за членовите на Советот.

Вакво нерационално трошење на парите од граѓаните за време на економска, енергетска и здравствена криза, повторно покажува дека локалната политичка елита нема никаква волја да се откаже од сопствени луксузирања и бенефиции.

Бидејќи на сајтот на општината не е објавен ниту еден Записник од одржаните седници на Советот, ниту пак има пренос во живо на самите седници, не може да се констатира кои советници гласале за ваквиот предлог. Ваквото работење ја позиционира општина Струга во најнетранпарентните општини во Република Македонија.

Левица, како анти-естаблишментска партија, чии пратеници не ги користат луксузните бенефиции кои им следат согласно неправичните законски решенија, се залага за целосно укинување на ваквите привилегии и злоупотреби од страна на лицата поставени на јавни функции.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО СТРУГА
08 декември, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ