Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Бесплатен јавен превоз и бесплатен паркинг за лицата со попреченост. Жолт картон за јавните претпријатија на градот Скопје

На вчерашната седница на Советот на Град Скопје беше донесена одлука за бесплатен јавен превоз и бесплатен паркинг за лицата со попреченост во Градот Скопје.

Со овие мерки, кои што беа едногласно изгласани од страна на сите советници во Советот, меѓу кои и советниците на ЛЕВИЦА, им се овозможува на лицата со попреченост бесплатно да го користат јавниот превоз во Скопје, како и повластено користење на паркинг услуга на јавните паркиралишта и јавните површини наменети за паркирање со кои што стопанисува ЈП Градски паркинг. Иако ова е само еден мал чекор, сепак е од огромно значење во остварувањето на поголеми права на лицата со попреченост.

Советниците на ЛЕВИЦА и понатаму ќе се залагаат, ќе подржуваат и секако ќе предлагаат и други мерки кои што ќе овозможат поголема инклузија на лицата со попреченост во јавниот и општествениот живот и мерки кои што ќе им ги олеснат секојдневните предизвици.

На истата седница на Советот на Град Скопје, не беше усвоен ниту еден финансиски извештај на ниту едно од седумте јавни претрпијатија на Градот Скопје, со што практично се даде жолт картон за работењето на овие претпријатија. Јавните Претпријатија на Градот Скопје во иднина ќе мораат да бидат поекономични во трошењето на народните пари, а секако ќе се бараат и поголеми резултати од нивното работење.

Советниците на Левица ќе продолжат да се залагаат за транспарентно и совесно трошење на парите на граѓаните на Скопје и бидат нивна совест во Советот на Град Скопје.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ГРАД СКОПЈЕ
10 Декември, 2021

 

Најнови објави