Проектот на Наумоски изгласан од советниците на ДПМНЕ – ДУП со 50 згради во Дексион

Deksion_DUP

Советниците на ДПМНЕ го изгласаа ДУПот за градска четврт С3 13 (Дексион) – оние кои додека беа во опозиција бурно протестираа против бетонизацијата на Ѓорче Петров сега гласаа за истата. ДУПот за Дексион предвидува подигање на катноста на постоечките објекти за домување за два до три ката и педесетина згради.

Граѓаните, како и вообичаено, се „легално“ прескокнати во целиот процес бидејќи јавните анкети се спроведоа во време на летни одмори, со незначителна излезност и во фаза на веќе изработен план.

Советниците од Левица на претресот по оваа точка, укажаа на проблемите на овој урбанистички план за Дексион според кој се очекува зголемување на популацијата за два до три пати. Според овој план, речиси да нема простор за рекреација и зеленило. Паркираните возила во моментот зафаќаат по една коловозна лента на сообраќајниците во Дексион, а со овој план проблемот со местата за паркирање ќе стане уште поголем. За очекување е 50те предвидени згради долж главната улица Ѓорче Петров и од претходнот Совет изгласаната седумнаесеткатница од спротивната страна на улицата (Јурија), да придонесат за уште поголем сообраќаен хаос, прекин на дотокот на воздух. Зголемената популација со сигурност ќе влијае и на скромните капацитети на основното училиште и градинката, како и на капацитетите на постоечката водоводна и канализациона мрежа.

Иако во образложението на ДУП-от стои дека „се создаваат услови за осовременување т.е. современо уреден простор“, советниците од Левица се на став дека е доста од „осовременување“ на Ѓорче Петров и дека е време општината да не се придржува кон актуелното толкување на зборот „осовременување“ кое е карактерстика на градот Скопје, а всушност преставува создавање на бетонски џунгли.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
11 Декември, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ