Формиран Левичарски институт „Рацин“ по повод 113 години од неговото раѓањето

Левичарски институт Рацин

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

По повод 113 годишнината од раѓањето на великиот македонски комунист, поет и револуционер – Коста Апостолов Солев Рацин, Президиумот на Левица одлучи, во рамки на своите партиска структура, да основа засебен Левичарски институт РАЦИН – како постојано нераководно работно тело, согласно статутот на Партијата.

Левичарскиот институт „Рацин“ е составен од три центри, и тоа:

1. Центар за политичка едукација – надлежен за образование на партискиот подмладок и вршење стручни обуки и истражувања;

2. Центар за политичко издаваштво – надлежен за публикување на левичарска литература, преводи на капитални дела, издавање на идеолошки профилирани периодични списанија и агитација; и

3. Аналитички центар – надлежен за спроведување анкети, проекции, симулации и испитување на јавното мислење.
Работата на Институтот ќе биде регулирана со деловник, а со него ќе раководи раководител. На овој начин, цениме дека Левица ќе го издигне нивото на политичката култура на македонската политичка сцена и ќе го задржи епитетот на најбрзорастечко политичко движење во Европа.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ