Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Левица – Битола: Предвидена реализација на проект-предлози од Левица со усвојување на програмата за работа на Општина Битола

По завршувањето на четвртата седница на Советот на Општина Битола, ги резимираме активностите на локалниот огранок на Левица-Битола.

Со усвојување на програмите за работа на Општина Битола предвидена е реализација на следните проекти предлози на Левица:

1. Рекреативна зона “Кркардаш”
2. Дневен центар за лицата со интелектуална попреченост
3. Издвојување средства за детски фестивали во склоп на програмата за култура
4. Трансформација на дел од сообраќајниците во пешачки зони, односно формирање на зони без моторни возила.
5. Редовно мапирање и расчистување на дивите депонии и оплеменување на просторот со нови зелени површини и фитнес зони.

Исто така, испратено е барање до Општина Битола за расчистување на дивите депонии на ридот над Кркардаш, за скоро ќе започне чистењето на истите.

Дополнително, за време на седницата дадовме предлог за подобрување на паркинзите во градот, со изградба на монтажни гаражи со поголема зафатнина, заради решавање на проблемот со немање доволен број паркинг места во градот во централното градско подрачје.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО БИТОЛА
29 декември, 2021

Најнови објави