Левица – Град Скопје: Прифатени пет амандмани на советниците на Левица на трета седница на Град Скопје

sovet-sablon_grad)skopje

На вчерашната, трета седница на Град Скопје, по 13 часовна расправа, се изгласа Буџетот на Град Скопје за следната година.

На седницата беа прифатени и пет амандмани на советниците на Левица (од поднесени седум), додека другите два ќе бидат ревидирани и прилагодени при ребалансот на буџетот во март следната година.

Амандманите кои што ги поднесе Левица и кои што беа прифатени, а со тоа станаа и дел од Буџетот на Градот Скопје за следната година, се однесуваат на:

• Зголемување на средствата за опремување на сензорна соба за лицата со попреченост;
• Зголемување на средствата за субвенционирање на електормоторни погони за инвалидски колички;
• Зголемување на средствата наменети за домување на возрасни лица со попреченост;
• Набавка на адаптирани возила за лица во инвалидска количка;
• Пренамена на средства за набавка на електростатски филтри на оџаците на објектите за домување.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ГРАД СКОПЈЕ
30 Декември, 2021

 

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ