Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

More

    Левица – Прилеп: Инспекциите продолжуваат во заштита на Горан Сугарески и неговите бизниси

    Долгогодишниот државен фукционер од редовите на СДСМ (поранешен Министер за транспорт и врски, директор на Царинска управа и кандидат за градоначалник на Прилеп) свесно и од позиција на моќ ги контролира инспекциските служби во градот за контрола на користењето на јавниот простор.

    Во заштита на неговите бизниси му излегува во пресрет и поранешниот градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Марјан Ристески кој како комунален инспектор не превзеде ниту една акција за да ги заштити интересите и правата на прилепчани.

    Малку му беше прекршувањето на Програмата за утврдување на критериумите и стандардите за поставување урбана опрема – дозволи за таканаречени „летни бавчи”, кои ги кршат сите правила и наликуваат на „цврсти градби”, затворени од сите страни со ПВЦ дограма, и кои располагаат со одвод, довод, па дури и со парно греење, па сега од самите тие “бавчи” почна да го загадува и амбиентниот воздух кој сите го дишеме и тоа во строгото централно градско подрачје.

    -Правен дел:
    Прекршен е Закон за квалитетот на амбиентниот воздух со што ги надминал граничните вредности наведени во чл 15, ст. 1.
    Овој закон во член 77 предвидува:
    “Глоба во износ од 8 000 евра до 20 000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице доколку испушти во амбиентниот воздух загадувачки супстанции над пропишаните гранични вредности за емисија (член 15 став (1))”.

    ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ПРИЛЕП
    04 јануари, 2022

    Најнови објави