Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Левица воведува нова политичка култура во општинските совети

За само два месеца од стапнувањето во општинските совети (ноември и декември 2021), советниците на Левица ширум Македонија воведоа многу новини и позитивни промени во работењето и во креирањето на локалната политика.
Во продолжение на оваа рекапитулација ги наведуваме само најбитните:

1. ЈАВЕН ИНТЕРЕС
– непочитување на недостоинствената придавка „Северна“ и потпишување на свечените изјави со називот „Република Македонија“, како име на државата во согласност со волјата на граѓаните изразена на два референдума;
– спречување продажба на државно и општинско земјиште (градежни парцели);
– иницијатива за дополнителен локален референдум за поништување на ДУПови;
– спречено спонзорирање на приватни медиуми со јавни пари;
– вонредни инспекциски контроли за сомнителни продажби на општинско земјиште;
– ревизија на работењето на јавните претпријатија;
– откажување од сите функционерски привилегии;
– спроведување онлајн анкети.

2. ТРАНСПАРЕНТНОСТ ВО РАБОТЕЊЕТО
– обезбедување пренос во живо на седниците на Советот;
– отворени денови за прием на граѓаните;
– стотици барања за пристап до информации од јавен карактер;
– откривање и актуелизирање на десетици локални скандали во врска со наместени конкурси за вработување.

3. ДЕСОРОСОИДИЗАЦИЈА
– исклучување на корумпираните невладини организации (т.н. НВО сектор) од општинските проекти и пренамена на буџетските средства за вработување на логопеди и дефектолози во градинките.

4. ЕКОЛОГИЈА И ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
– мапирање и чистење на повеќе жешки точки и диви депонии низ општините;
– пренамена на средства за набавка на електростатски филтри на оџаците на објектитe за домување;
– воведување зелен Регистар на дрвја посадени на јавни површини;
– употреба на машини за дислокација и пресадување здрави дрвја;
– акциски план за заштита на амбиенталниот воздух;
– нови мерни уреди за мерење на квалитетот на воздухот;
– инсталирање фотоволтаични системи на јавните објекти.

5. ЛИЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ
– обезбедување средства за Дневни центри за лица со посебни потреби;
– сензорна соба за лицата со попреченост;
– субвенционирање на електромоторни инвалидски колички;
– прилагодување на тротоарите за лица со физичка попреченост;
– зголемување на средствата наменети за домување на возрасни лица со попреченост.

6. СОЦИЈАЛА
– ослободување на самохрани родители од плаќање надоместок во детски градинки;
– донирање на исечените дотраени дрвја за огрев на социјално загрозени семејства.

7. ИНФРАСТРУКТУРА
– асфалтирање на градски улици;
– реконструкција на краци од главни улици;
– уредување на детски паркови и игралишта;
– трансформирање на дел од сообраќајниците во пешачки зони без моторни возила.

8. КУЛТУРА И СПОРТ
– фестивали за world, jazz и современа музика;
– детски фестивали;
– награден фонд за поддршка на локални уметници;
– реконструкција на соблекувални во спортски сали;
– спонзорирање на локални традиционални турнири и спортски манифестации;
– поддршка на нови повеќенаменски игралишта.

Најнови објави