(Видео) Левица – Битола: Единствено Левица против поскапување на такси превозот

левица битола

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Такси услугите поскапуваат за 35%, ова покачување на тарифата е резултат на еден фронт помеѓу двете најголеми општински политички партии.

Со оваа одлука, која беше изгласана во Советот на Општина Битола, буквално не оди во никаков прилог ниту на граѓаните кои ги користат такси услугите, ниту на такси превозниците.

Единствено, само меѓусебно си ја зголемуваме и делиме сиромаштијата додека централната власт и регулаторна комисија енормно го поскапува горивото, а засегнати се апсолутно сите граѓани.

Во друга ситуација, Општинската власт се наоѓа пред свршен чин каде што спротивно на граѓаните продолжува да дава поддршка како продолжена рака на централната власт во однос на поскапувањето.

Со поскапувањето на тарифата на такси превозниците, дополнително ќе се зголеми сивата економија, односно дивите таксисти.

Таа не може да се отстрани затоа што од надлежниот инспекторат немаат голем ефект врз оваа сива дејност, претежно, оние кои што прават престап врз законот се пензионери во поодминати години или пензионери кои ја завршиле својата работна кариера многу порано за сега да профитираат преку вон законски услови, поткрепени од оние кои треба да ги гонат.

Како една реална суштинска слика која дополнително граѓаните ќе ја чувствуваат на своја кожа ќе биде покачувањето и на карго услугите, поскапување на градскиот превоз, аеродромските такси превозници, и се’ ова во една целина оди во штета на битолчани.

Последната статистика која ги засега граѓаните е тоа што потрошувачката кошница за декември месец изнесуваше 35,000 денари за семејство кое брои четири члена, минималецот е сеуште 15 200 ден.
Една фамилија не може да опстои за најосновните работи, затоа, најмалку што ни треба е поскапувањето.

Ако таксито е луксуз во европските метрополи, кај нас е енормна потреба, има лица кои користат 2 пати превоз од здравствени причини, има студенти и средношколци кои патуваат минимум 2 пати дневно, во викенд граѓаните патуваат до црквите, исто и во празници, а градскиот превоз сеуште не е регулиран како што треба во овие значајни денови, а во руралните средини ако не се училишните комбиња да ги користат мештаните, тотално ќе бидат изолирани од своите секојдневни потреби.

Моментално сме изложени секој денар да го цениме и планираме.

Како алтернатива или апел до централната власт веќе имаме 3 пратеници како град Битола, нека реагираат во законодавниот дом за намалување на акцизите и сите области кои се поврзани со такси превозниците за да не биди штетата уште поголема како кон граѓаните така и кон таксистите.

Повикани сте како мнозинство да го решите овој проблем кој потекнува од неажурното работење на досегашните власти, проблемите се трупаат, а реваншизмот помеѓу двете најголеми партии не треба да биди на штета ни на такси превозниците ни на граѓаните кои ги користат овие услуги.
Општинската власт пред се’ нека го интензивира градскиот сообраќај низ градот и во руралните средини или нека искористи некаков механизам за субвенционирање на лиценцираните такси превозници или воопшто да не го продолжува темпото на поскапување.
На граѓаните им е преку глава, се е поскапено додека со платите се тапка во место.

Такси превозниците се свесни дека со покачувањето на цената, ќе изгубат еден дел од своите клиенти, односно никој не им гарантира дека централната власт заедно со регулаторната комисија нема повторно да го поскапи горивото.
Решението кое треба да се најди е барање на одговорност од оние кои манипулираат со оваа работничка класа веќе долг период.

Ако нема леб за граѓаните, ќе нема мир за олигарсите.

 

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО БИТОЛА
31 јануари, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ