(Видео) Усвоено барањето на Левица за отворен ден со советот на општина Свети Николе

левица свети николе

На седмата редовна Седница на Советот на Општина Свети Николе беше усвоена предлог точката на дневен за „Oтворен ден за средба на граѓаните со членовите на Совет на Општина Свети Николе“.

Со усвојувањето на точката предложена од Советникот на Левица, се овозможува креирање на официјален институционален канал преку кој граѓаните ќе можат директно да комуницираат со членовите на Советот.

Ги повикуваме граѓаните на Општина Свети Николе, како и граѓанските здруженија и организации, претставниците на месните заедници и активисти да ја искористат можноста директно да учествуваат во креирањето на локалните политики и да ги предочат пред советниците своите: предлози, идеи, иницијативи и решенија за проблемите со кои се соочуват.

Отворен ден за средба со граѓаните е секој вторник од 18:30 часот, на средбите ќе присуствуваат по најмалку два советника (по еден од владејачкото мнозинство и опозицијата). Советниците се должни да ги процесуираат вашите барања!

 

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО СВЕТИ НИКОЛЕ
31 јануари, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ