Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Цените на горивата растат, а владата одолговлекува покачување на минималната плата

Владата и понатаму останува без слух на барањата на работниците за зголемување на минималната плата на 18.000 денари. Додека цената на горивата продолжуваат да растат, инфлацијата предизвикана од неколкуте кризи во државата продолжува да расте, а банките и приватните фирми продолжуваат да ги зголемуваат своите профити и да си исплаќаат енормни дивиденди, социјал-демократите го оставија работникот на цедило и калкулираат кога и дали да го зголемат минималецот.

Со последното зголемување на цените на горивата, бензинот и дизелот достигнуваат цена од 79.5 и 71.5 денари за 1 литар. Новото зголемување на цената на горивата претставува дополнителен трошок од финансиите на едно семејство. Во изминатите месеци веќе забележуваме постојано зголемување на цената на основните продукти и намирници, но наместо пораст на минималната плата која не е променета од Април 2021 година како одговор на неколкуте прогласени кризи во Републиката, Власта повторно калкулира и одолговлекува.

Доколку направиме споредба помеѓу покачувањето на горивата и минималната плата од периодот Април 2019 до Јануари 2022 година се добиваат следните резултати:
– Кај цената на бензинот (Еуросупер 95) се забележува пораст од 65%
– Кај цената на Дизелот се забележува пораст од 58%
– Кај минималната плата се забелува пораст од само 4.8%

Левица е единствената политичка партија која го предложи до Собранието предлог законот на ССМ поднесен во декември за зголемување на минималната плата и ќе продолжи и натаму да се заложува за сите законски мерки кои го подобруваат животниот стандард на работничката класа.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – СЕКТОР ЕКОНОМИЈА
01 февруари, 2022

Најнови објави