Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

More

    Власта не само што сака да ја избрише Македонската историјата од учебниците, туку и од нашата меморија

    Додека нашите соседи од Бугарија, на секој начин се обидуваат македонската историја да ја фалсификуваат и да ја прикажат за своја, а великаните како Гоце Делчев брутално да ги присвојат, „нашата“ власт, Министерството за култура и другите институции, ги оставаат највредните културно-уметнички дела и историски споменици на забот на времето и без никаква заштита.

    Предлог буџетот за 2021 година за културата изнесуваше 3.276.430 денари, а средствата наменети за финансирање на проекти од национален интерес во културата во 2021 година изнесуваа 970.100.000 денари. Додека предлог буџетот за културата за 2022 година изнесува 3.855.548.000 денари или 62.692.000 евра.

    Буџетот на Министерството и на Управата за заштита на културното наследство е близу 194 милиони денари или 3 милиони и 200 илјади евра. Од тоа, за програмата Културно наследство во опасност предвидени се 12 милиони денари.
    Од горе наведеното, може да се согледа дека не недостасуваат финансии за заштита на културното наследство, туку очигледно волја тоа да се направи, што очигледно упатува на намерна немарност.

    Дали тоа значи дека тие не се приоритет и треба да се остават да се распаднат и да паднат во заборав? Дали требаше најпрвин да се избришат од учебниците по историја, а сега и од нашата колективна меморија, започнувајќи со отстранување или уништување на материјалните докази? Дали сакаат да заборавиме на своите корени?

    Мечкин Камен – востаник со високо подигната карпа над главата кој го претставува последниот очајнички миг во борбата на востаниците од одредот на Питу Гули, кои ги дале своите животи при одбраната на Крушевската Република, е еден од тие споменици, камен темелници на македонската државност чии видни оштетивања до сега не се санирани. И тој не е единствениот споменик од нашето културно-историско наследство кој е запуштен.

    Власта може да се обиде, но ние нема да заборавиме!

    ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – СЕКТОР КУЛТУРА
    03 август, 2022

    Најнови објави