150 години од раѓањето на најголемиот Македонски револуционерен деец – Гоце Делчев

гоце делчев

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

„Време е да се разделиме другари! Нашите патишта се различни. Вие одите на Запад, а јас кон Исток. Но, каде и да се наоѓаме, ние живееме духовно поврзани еден со друг, не’ поврзува општиот долг кон нашиот поробен народ, на кого доброволно се заколнавме дека ќе му служиме. Јас оттука понесувам најдобри впечатоци од вашиот реон.

Семето кое вие го посеавте даде многу ветувачки резултати. Но, нашата работа нема граници. Ние ќе ја следиме нашата цел со целата наша енергија, се до оној момент до кога не го подготвиме народот за онаа голема акција, која ќе го растресе од основата крвавото царство и ќе ја донесе слободата.
Вие може да бидете горди дека ги имате најдобрите војводи во Македонија. Нека тоа ви служи за пример во секој поглед. Учете се од него, следете го во се и ќе бидете вистински револуционери.

Но, никогаш не заборавајте, дека ние не припаѓаме на себе си. Нашиот живот е веќе пожртвуван пред олтарот на делото и кој од вас ќе го изгуби тоа сознание, тој престанува да биде револуционер. Да не се плашиме од смртта. Каде и да не’ најде, да ја пресретнеме со презир – и да ја победиме!“

Говор на Гоце Делчев во јануари 1902 година пред раководителите на Леринскиот Револуционерен Комитет. Пригодата била разделбата на Делчев со Леринчани и неговото заминување во Воденско.

 

gotse delchev
Сликата е од чествувањето на 100 години од раѓањето на Гоце Делчев

 

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ