Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

(Видео) Трибина: Македонската кауза – 150 години од раѓањето на Гоце Делчев

Левичарски Институт – ”Рацин„

ТРИБИНА: Македонската кауза – 150 години од раѓањето на Гоце Делчев! #150годиниДелчев

По повод 150 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, левичарскиот институт „Рацин“, организира трибина за одбележување на духот на македонската државотворност и за празнување на врската помеѓу минатото, сегашноста и иднината.

Денес, неопходно е вистинско толкување на државотворниот порив и националните херои чии судбини се нераздвојни од идејата за Македонија – во време на повторни обиди за културна и политичка доминација помеѓу народите, без класна и национална солидарност за угнетените општества под империјалистичко влијание.

Темата и целите на трибината се во склад со идеалите на големиот македонски револуционер – повикување на разум со разумна дискусија, потенцирање на школувани ставови кои нѐ ослободуваат од стегите на незнаењето и артикулирање на македонската кауза како составен дел од класната борба на македонскиот народ и животниот пат на Гоце Делчев.

Во време на будење на сенките од минатото, време е и за возобновување на живототворната енергија и желба за слобода во нов пријателски свет, кои биле клучни за сите историски успеси на нашите минати дејци – да оставиме здрав плод од кој идните генерации ќе бидат оплеменети со мудростите на класната и национална свест која води кон подобар свет! Говорници: – Проф. Д-р. Димитар Љоровски Вамваковски – Проф. Д-р. Билјана Ванковска – Проф. Д-р. Јован Донев – Проф. Д-р. Стојко Стојков (ОМО Илинден – Пирин)

 

Најнови објави