(Видео) Крмов: За предлог-решението на Владата за минимална плата

Борислав Крмов

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

„Законот за минимална плата ССМ го достави до Собранието на 17 декември, кој Левица потоа го поднесе. Владата да имаше волја, ќе го донесеше тој закон досега. Тоа што ние го поднесовме сметам дека беше главен катализатор и се изврши клучниот притисок за да се дојде до некој договор.

Тој договор, морам да кажам, ја илустрира слабоста и анемичноста на работничкото движење, кое очигледно не може да се избори за вистински реформи и за вистински права на работниците – и успева да добие само вакви половични решенија.
Оваа власт не отстапува од политиката која претходно ја водеше и премиерот Заев. Ние имаме ситуација каде КАПИТАЛОТ е целосно заштитен. Во добри времиња, профитите остануваат приватни – додека загубите на капиталистите во вакви кризни времиња стануваат јавни и сите ќе мораме да го носиме бремето.

Зголемувањето на минималната плата нема да падне на трошок на работодавачите, туку ќе падне на трошок на буџетот. Ние имаме една ситуација на социјализам за богатите и див капитализам за сиромашните.

Но, во ваква економска и енергетска криза, Левица ќе го поддржи предлог-законот од Владата што ќе стигне, во било која форма, затоа што во вакви кризни времиња нема простор за политички дебати.”

– Изјава на пратеникот Борислав Крмов за предлог- решението на Владата за минимална плата.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ