Левица – Охрид: Советничката од Левица побара да се повлечат точките за легализација на дивоградби

левица охрид

Денес се одржа седница на Советот на општина Охрид, каде беа ставени и 33 точки за легализација на дивоградби.

Нашата советничка Виолета Аврамоска истакна дека на вчерашната седница на Комисија за урбанизам, спорните точки на членовите на комисијата не им беше овозможен графички приказ и поради тоа таа побара следните спорни точки да бидат повлечени од дневен ред.

Точка бр.16 КО Охрид
Точка бр.17 КО Трпејца
Точка бр.18 КО Охрид
Точка бр.19 КО Охрид
Точка бр.24 Ко Охрид

Таа се изјасни дека доколку спорните точки не бидат повлечени од дневен ред, ќе гласа против истите.

Се премина на гласање кој е за повлекување на точките од дневен ред . Гласањето се одвиваше вака:

Точка бр.16 – 9 гласови ЗА
Точка бр.17 – 6 гласови ЗА
Точка бр.18 – 7 гласови ЗА
Точка бр.19 – 7 гласови ЗА
Точка бр.24 – 7 гласови ЗА
Останатите советници гласаа воздржано.

По предлог на координаторот на советничката група на СДСМ, беше побарана пауза за координација. За време на координацијата беше кажано дека нема струја и седницата мора да се прекине, поради неможноста да се пренесува во живо.

Само да потсетиме, Советот на општина Охрид на 29.12.2021 година донесе одлука при што е одлучено:

,,Постапките за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти времено се прекинуваат во крајбрежниот појас на Охридското Езеро, дефиниран со планот за управување со светското природно и културно наследство на охридскиот регион со Акциски план 2020 – 2029 година и во рамките на Студенчишко блато – согласен ГУП на Охрид, УЗ 17, УБ 17..”

Со оваа легализација, советот ќе легализира објекти што е спротивно на одлуката која самиот ја донел.

И трето и најважно, оваа легализација е спротивна на препораките на УНЕСКО и на Планот на управување, според кои за нелегалните градби треба да се изработи оцена за влијанието врз културното наследство и врз основа на тоа да се одлучи дали објектот може да се легализира или не.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ОХРИД
10 февруари, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ