Левица – Кисела Вода: Се повторува практиката на градење без запазување на сите законски регулативи

кисела вода драчево

На потегот од населба Драчево (во правец на Пинтија на булеварот ‘’Борис Трајковски’’) деновиве интензивно се изведуваат градежни активности. Се работи за просторот наспроти големата трафостаница, во која изминатиот период избувна пожар и остана речиси цело Скопје без електрична енергија.

На таа позиција, изминатиов период се гради објект од поголем размер од непознат инвеститор, при што на овој објект не е поставена информативна табла. Ваквите активности се спротивни на Законот за градење, кој предвидува задолжително да има поставено информативна табла со име, назив, вид на градба, број и датум кога е издадено одобрението за градба.

Нашиот советник Донче Мишовски, на вчерашната седница на Советот на општина Кисела Вода го обелодени овој проблем пред градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и побара инспекциските служби во најбрз можен рок да извршат инспекциски увид.

Бидејќи се работи за објект во близина на жици со големо напојување, потребно е итно службите да утврдат дали ваквиот објект е во согласност со Деталниот урбанистички план, дали истиот ги поседува сите потребни документи за градба или можеби, објектот е одобрен со нечиј амин.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО КИСЕЛА ВОДА
25 февруари, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ