(Видео) Апасиев: Сите преседани еден ден ќе ви се удрат од глава

Апасиев

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

На денешната пленарна седница на Собранието, пратеникот Димитар Апасиев реагираше дека Владата се обидува неделовнички да разреши член на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

„Членот 117 не е испочитуван затоа што не е донесена одлука на матично работно тело. Понатаму, членот 125 вели дека работните материјали ги разгледуваат матично работно тело и Законодавна комисија. Тоа во случајот не е сторено и затоа оваа точка не ја исполнува процедуралната можност за доаѓање на дневен ред.

Следно, членот 69, став 2, вели дека вие сте должен да видите дали имало услови за внесување на дневен ред. Досега, мал милион пати ни имате одбиено предлози, токму на овој член, дека не исполнувале деловнички услови за да дојдат на дневен ред.

И суштинскиот член 79, став 1, кој вие намерно не го гледате, вели – Собранието не може да расправа по прашања за кои матично работно тело и Законодавна-правна комисија не зазеле став, ако со овој Деловник поинаку не е уредено. Со овој Деловник не е поинаку уредено и оттука Собранието не може да расправа по ова прашање.”

 

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ