Честитката за СанСтефанска Бугарија со дел од Македонија од Османи е понижување на Македонците

Османи

Вчера министерот за надворешни работи, Бујар Османи, упати официјална честитка до Бугарија, која го одбележуваше државниот празник воведен во 1991 година, со кој се чествува СанСтефанска, односно идејата за „Голема Бугарија“.

За потсетување – идејата за Санстефанска Бугарија, која за жал и денес е присутна во официјална Софија, е идеја за т.н. „Голема Држава”, која на Балканот е остаток од неоврховистичките и фашистички тенденции на почетокот на минатиот век. Во склоп на сонот за Голема Бугарија, влегуваат и територии на независна Република Македонија.

Ваквиот чин на Министерот Османи и понижување на македонскиот народ, укажува на тоа дека моменталната Влада ја има доведено државата во подредена положба, а со вчерашното честитање на Санстефанска Бугарија, де факто продолжува да ја гаи традицијата на квислингство, антимакедонизам и вазалство, практикувана од владејачките СДСМ и ДУИ.

Министерот Османи наместо да ги застапува националните интересите на Македонија и да се бори за истите, тој потклекнува пред притисоците и неофашистичката реторика на Бугарија и, служејќи на туѓите интереси, го потценува македонскиот народ и неговата борба.

И покрај тоа што Владата нема легитимитет, а нивната надворешна политика не наидува на никаква подршка кај граѓаните, СДСМ и ДУИ продолжуваат да ги поткопува темелите на Македонската државност.

Левица го осудува овој потценувачки чин и повторно повикува на итен прекин на преговорите со Бугарија.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
04 март, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ