Шестта седница на управниот одбор на Ј.К.П. Комуналец – Прилеп

Комуналец Прилеп

Почитувани прилепчани, почитувана јавност.

На оваа седница се разгледуваше работата на „Терминал Комуналец” ДООЕЛ.

Економската ситуација, до која е доведен „Терминал Комуналец” ДООЕЛ, претпријатие формирано од страна на Ј.K.П. Комуналец- Прилеп, е крајно неприфатлива и зачудувачки е фактот дека на вработените веќе втор месец по ред, платите не им се исплатени.

На седницата зедоа збор, (како што се нарекоа) -претставници на Синдикатот, кои што изнесоа дека покрај неисплатените две плати, не им е исплатен и регрес за годишен одмор, К-15 за 2021 година и новогодишни надоместоци за 2021, 2020 и 2019 година (3 години по ред), а според колективниот договор, тоа им следувало.

Претставниците на вработените, го побараа на увид договорот со кој се формира „Терминал Комуналец” ДООЕЛ, сѐ со цел да се видат правата и обврските на основачот и основаната фирма.

На оваа седница, Управниот Одбор на Ј.К.П. Комуналец – Прилеп, ги ислуша сите засегнати страни и побара ЈКП Комуналец – Прилеп да направи ревизија на целокупното работење на неговата “ќерка” фирма “Терминал Комуналец” ДООЕЛ, од 2017 година до денес, за да се откријат причините кои допринеле до катастрофалната финансиска ситуација, кои што резултираат да претпријатието не може да се самоодржува и не може да ги исплати редовните примања на вработените кои им следуваат по закон.

Вршителот на должност, управител на „Терминал Комуналец” ДООЕЛ, предложи неколку идеи кои планираат да ги преточат во план за акција, а тоа е побарување помош од локалните компании на град Прилеп и соработка со истите, да можат да излезат од оваа криза.

Најавата за штрајк за 07.03.2022г. од Синдикатот е исто така сериозно земена во предвид, додека во најкраток можен период се бара решение за проблемот.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ПРИЛЕП
06 март, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ