Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

More

    Левица – Росоман: Нелегалната експлоатација на Црна Река продолжува

    Денес, од страна на Левица – Росоман беше пријавен нелегален ископ на песок во СВР Велес кои постапија по пријавата со испраќање на интервентна екипа од ОВР Кавадарци како би направиле вонредна инспекција на местото на нелегалниот ископ.

    Дали сопственикот бил во меѓувреме известен за пријавата од страна на свои контакти во ОВР Кавадарци?

    Додека да пристигне интервентната екипа (жолтото возило во видеото) работниците на терен биле известени и веднаш го напуштиле ископот! На видеото се забележува и како механизацијата која ја користеле за време на ископот (вклучувајќи го и камионот на северната страна на коритото) е оставено.

    Дали ОВР Кавадарци ги покрива сопствениците на нелегалниот ископ на песок од Црна Река?

    На видеото е очигледно дека има тешка механизација која се користи во процесот на сепарација на песок за градежни активности. Во наша реакција претходно апелиравме до институциите да ја извршуваат својата работа во насока на заштита на животната средина, регулирање на сивата економија, спречување на нелегална експлоатација на природни ресурси и нелегална експлоатација на нерегистрирани работници кои работат во речното корито во нехумани услови!

    Левица е партија која се залага за заштита на правата на работникот и заштита на животната средина. Уште еднаш реагираме и воочуваме на институциите дека се врши нелегален ископ на песок во Општина Росоман и очекуваме итно преземање на соодветни мерки против вршителите на нелегалната дејност!

     

    ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО РОСОМАН
    08 март, 2022

    Најнови објави