(Видео) Џафери одби да ги стави на дневен ред предлог – Законите на Левица за ублажување на кризата

Борислав Крмов

На денешната пленарна седница во Собрание, пратеникот Борислав Крмов побара дополнување на дневниот ред со двата предлог-закони на Левица, како дополнителни анти-кризни мерки.

Предлог-законите, кои се однесуваат на обезбедување финансиска сигурност за работниците во случај на отказ за време на кризата (т.н. апанажа за работниците) и зголемувањето на сумата која ја добиваат студентите за субвенциониран оброк беа одбиени од претседателот на Собранието, Талат Џафери, со паушално образложение дека се работи за итна седница?!

Ваквото султанско однесување на претседателот на Собранието нема оправдување во услови кога кризата ескалира, со оглед на тоа што самиот Џафери во претходното образложение на процедурална забелешка потенцира дека собраниската седница не е итна.

 

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ